Данни

Заглавие ’Земјотресот’ на стереотипите (во романот Доилката од Лилјана Пандева)
Редакция

Публикувано от  Андрей Бояджиев

Авторско право

The Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0).

Резюме

Рефератот го отвора прашањето за „земјотресот“ на стереотипите во романот на Лилјана Пандева. Роман кој длабоко навлегува во мрачните тајни на владетелите кои за навек ја казнуваат несреќната љубов меѓу Дора, дворската доилка, доилка без деца, која страстно созрева во прегратките на Пребонд, воинот без војска. Дора, мажената жена и Пребонд, „мажот на сите жени“, „растат“ преку морничава и страстна љубовна, но и психолошка драма на заробеници на мрачното мочуриште кое е духовно „чистилиште“, но и „созревалиште“ на Дора како жена, но и како неосознаена бездетна мајка. Во лавиринтот на духовното, моралното, мрачно мочуриште, преку топлата љубов на тајните љубовници, се распукува „земјотресот“ на стеротипите: социјални, статусни, родови, класни, но пукаат и „тврдините“ на „занданите-стереотипи“ кои ние и денес сами си ги градиме. Преку „ерупцијата“ на „земјотресот“ на стереотипите, се распукува и вечната драма на „надворешните“, но и „внатрешните“ стереотипи. „Заѕиданите сништа“ се сурова казна за „земјотресот“ на стереотипите.