Данни

Заглавие Патријарханиот стереотип и менталитетот (За „женскиот“ стереотип во расказот „Жената на покојникот“ од Бора Станковиќ)
Редакция

Публикувано от  Андрей Бояджиев

Авторско право

The Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0).

Резюме

Оваа статија се занимава со проблематиката на т.н. „патријархален“ стереотип во расказот „Жената на покојникот“ од Бора Станковиќ. Поконкретно, станува збор за изолација, квантификација и квалификација на оние текстовни единици во ова веќе класично четиво на српската книжевност кои подразбираат приказ на обичаите, обредите и верувањата врзани со начинот на живот на жената од втората половина на 19-от век. Во таа смисла, се дефинира и категорија на т.н. „женски“ стереотип, кој е тесно врзан со третманот на жената и „јавното мислење“ по однос на жената, во овој случај – жената на покојникот, а преку неа и женскиот менталитет на овие наши балкански простори.

Статијата не претендира кон феминистичкиот дискурс и во неа отсуствува амбицијата за негова афирмација.

Нашата тенденција е да се покаже (и не мора да се докаже) дека одредени стереотипи врзани со т.н. „женско прашање“ имаат традиционални и патријрхални корени, кои се „цврсти“ до ден денеска, иако многу често во изменет вид. Тие пак, се составни делови на менталитетот и служат за негова манифестација.