Фразелошки изрази и лексички специфичности во вратничкиот говор
от
Михајло Марковиќ
Соња Новотни
Данни
Заглавие | Фразелошки изрази и лексички специфичности во вратничкиот говор |
---|---|
Редакция |
Публикувано от Андрей Бояджиев |
Авторско право |
The Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0). |
Резюме
Основната цел при изработка на овој труд е, сеопфатно да се разгледаат основните карактеристики кои ја одликуваат и одделуваат дијалектологијата и фразеологијата како посебни научни гранки во проучувањето на јазикот, но воедно и нивната компатибилност и комплексност во интегрираната наука дијалектна фразеологија. Поконкретно, во содржината на трудот можеме ќе ја наведеме главната карактеристика на фразеологизмите, а тоа се репродукцијата и преносното значење, како и зачестеноста и лесната подложност на модификации што резултира со варијантност и факултативност, која се пренесува од една до друга генерација на говорители од различно говорно подрачје. Од друга страна пак, во овој труд ќе дадеме етнолингвистички и културолошки преглед, придавајќи еден посебен белег на вратничко-полошките говори, со посебен осврт на вратничкиот говор, кој побудува силна заинтересираност за обработка.
Поради комплексната природа на темата ќе ги применуваме основните методи на индуктивност и дедуктивност. Неопходно е да се напомене дека ќе извршиме истражување преку интервјуирање и анализа на неколку говорители кои денес живеат во село Вратница, а кои ќе ни помогнат во собирањето на потребните материјали поврзани со содржината на темата, а сé со цел полесно и попластично да се доловат сите карактеристики на дијалектно, фразеолошко и лексичко рамниште.