Стереотипите и сказните
от
Весна Мојсова-Чепишевска
Данни
Заглавие | Стереотипите и сказните |
---|---|
Редакция |
Публикувано от Андрей Бояджиев |
Авторско право |
The Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0). |
Резюме
Од втората половина на 20 век, и особено сега на почетокот на 21 век се забележуваат сериозни поместувања и промени во разбирањето и толкувањето на класичните сказни од една страна и создавање нови „современи“ сказни од друга страна. Сказните го отсликуваат копнежот на човекот за стабилност, спокој, љубов, но и за лична и општествена реализација. Нивните среќни краеви од типот: „... си живееја среќно до крајот на животот...“ ја имаат онаа безвремена и привлечна димензија затоа што проектираат ветувања за подобар живот. Во името на тие ветувања често пати сме слепи за нивната идеолошка димензија, за родовата и половата стереотипност или ригидност, па токму затоа може да ни се пласираат многу нешта како „прифатливи“ сè додека се „спакувани“ во една романтична фолија. Во тој правец треба најотворено да се зборува за оние сказни што се обидуваат да ги преиспитаат стереотипите за половите/родовите улоги, како и за уреденоста на општеството и меѓучовечките односи, како што е сказната „Лесната принцеза“ од 1864 година на Џорџ Мекдоналд која е своевидна пародија на Гримовите записи на сказните „Заспаната убавица“ („Трнорушка“) и „Рапунзел“ или сказната „Заспаната и вретеното“ од 2014 година на Нил Гејман каде се преплетуваат сказните за Снежана и Трнорушка.
Повеќето книги за деца се илустрирани, но не сите се подведуваат под сликовници. Има книги, кои за успешно пренесување на текстуалната порака сериозно се потпираат на илустрациите, а кај нив приказната паралелно се развива и на текстуално и на визуелно ниво. Во овој контекст убав пример се и две македонски сликовници кои, иако не се посветени на половата/родовата или сексуалната ненормираност, се обидуваат да го стимулираат толерантниот дух кај децата и да ја промовираат различноста. Се работи за сликовниците „Голманот Риско“ од Александар Прокопиев со илустрации на Марјан Димиќ, и „Приказната за Ото, Ото и Ото“ на Бистра Георгиева со илустрации на Моника Каретеро во кои различноста што треба да се прифати не е претставена низ човечки ликови, туку низ антропоморфизирани животни и птици. Двајцата автори се решаваат на овој чекот и алегориски ја претставуваат различноста.