Данни

Заглавие Стереотипите во Турската и Македонската култура – јазична и културолошка интерференција
Редакция

Публикувано от  Андрей Бояджиев

Авторско право

The Creative Commons Attribution 4.0 International (CC BY 4.0).

Резюме

Долгогодишното заедничко живеење на Македонците и Турците на тлото на Република Македонија придонесло до превземање и мешање на поголем број јазички, обичајни и други елементи меѓусебно.

Во трудот ќе ги прикажеме целосните и парцијалните интерференции помеѓу овие два јазика. Во вокабуларот и на едниот и на другиот народ чести се заемки. Тие можат да се проследат на вертикално и на хоризонтално ниво, како и синхрониски и дијахрониски. Постојат и повеќе калки од Турскиот јазик што сеуште се употребуваат; во оригинална форма или малку видоизменета форма. Може да се каже дека во литературните дела на постарите генерации Македонски писатели има голем број турцизми, но не е мал бројот и кај поновите генерации писатели. Турцизми среќаваме во народните песни, пословици и поговорки. Ќе бидат дадени примери од овие заемки. Што се однесува до употребата на зборовите од Македонскиот јазик, воглавно најчести примери се среќаваат во говорниот јазик. Има редици зборови од правната терминологија, технички изрази и друго. Голем е бројот на зборовите на институциите, документите како и странските зборови навлезени во Македонскиот јазик а се во секојдневна употреба. Во трудот ќе бидат дадени и примери за заемки од Македонскиот во Турскиот јазик.

Околу обичаите посебно ќе се разгледува двојството традиција – современост. Традицијата сфатена како динамичен процес , континуитет кој се развива и менува. Свадбени обичаи и празнувањата, како и народните верувања ќе бидат опфатени со нивните варијации.